Нови детали од погребот на Метју Пери: Актерите од серијата „Пријатели“ не останале до крајот

Фото: Profimedia

Најблиските роднини, пријатели и соработници се испратија со актерот Метју Пери на приватен погреб на гробиштата Форест Лон во Лос Анџелес, САД.

На погребот присуствувале неговата мајка Сузан Морисон (84), неговиот очув Кит (76) и неговиот татко Џон Пери (82). Неговите колеги од популарната телевизиска серија „Пријатели“ („Friends“), Џенифер Анистон (54), Лиза Кудроу (60), Кортни Кокс (59) и Дејвид Швимер (57) пристигнале заедно за да се збогуваат со својот пријател.

Меѓутоа, како што дознава „Дејли мејл“ актерите од серијата не присуствувале на вториот дел до приватниот погреб. Извор за медиумот раскажал детали што точно се случувало.

„Актерската екипа на „Пријатели“ не присуствуваше на вториот дел од погребот кој се одржа подалеку од црквата, која се состои од неколку дворови на отворено. Тоа е посебна, скриена област. Поприватна. На тој дел присуствуваа само семејството и најблиските пријатели на Метрју. Помалку од 20 луѓе“, кажува изворот.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Пред тоа во црквата имаше уште 20 луѓе, но сепак беше многу интимно. Церемонијата завршила со изведбата на песната „Don‘t Give Up“ од Питер Габриел.

„По завршувањето на службата, пријателите си заминаа додека неговото семејство и неколку луѓе со автомобил се возеа до местото каде што беше транспортиран ковчегот, а потоа однесен во ‘Дворот на сеќавањето’“, додава изворот.

Расплаканата мајка на актерот Сузан Пери, неговиот тажен татко Џон Бенет Пери и очувот Кит Морисон беа едни од оние кои го носеа ковчегот.

Инаку, гробиштата се спроти студиото „Ворнер Брос“, каде што култниот ситком се снимаше десет сезони, и е последното почивалиште на многу други починати ѕвезди, како Бет Дејвис, Кери Фишер, Мајкл Хачинс и други.

ФОТО | Погребан Метју Пери, „Пријателите“ се испратија со својот драг колега

ВИДЕО | Обожавателите бараат да се отстрани една сцена од „Пријатели“: Тие ја предвидоа иднината на Метју Пери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот