Изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани / Фото: ИРЛ / скриншот

Нови апсења на вработени во УЈП за трагедијата во Кочани

Службеници, раководители и вработени во Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат кои се поврзани со трагедијата што се случи во Кочани се апсат на неколку локации во државата, но сè уште нема официјални детали ниту од Министерството за внатрешни работи ниту од Обвинителството.

Наводно тие се апсат за коруптивни дела, поткуп, злоупотреба на службената положба, но нема информации дали меѓу уапсените е и братот на в.д. претседателката на Кривичниот суд Даниела Димовска.

Во документарец на Истражувачката репортерска лабораторија беа објавени пораки помеѓу синот на сопственикот на импровизираната дискотека „Пулс“, Михајло Јованов, и Драган Паунов, инспектор во УЈП, кој според прикажаното ги предупредувал газдите за доаѓање на инспекциите и за тоа добивал подароци. Паунов е брат на Даниела Димовска, новата в.д. претседателка на скопскиот Кривичен суд, каде почна судењето за 35-темина обвинети за трагедијата во Кочани.

Од МВР за „Слободен печат“ само кратко соопштија дека акција има.

– Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена. Обвинителството во рамки на истрагата за трагедијата во Кочани покрена постапки против повеќе лица поврзани со корупција, злоупотреби и фалсификување документи – велат од МВР.

Од Обвинителството нема детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот