Нови 558 заболени пациенти во Белгија, 30 лица починаа во последните 24 часа

Здравствените власти соопштија дека 558 нови лица се регистрирани како заразени, вкупниот од почетокот на пандемијата изнесува 2.815 заразени.

Пандемијата од коронавирусот однесе уште триесет живот во Белгија, а вкупниот број починати се зголеми на 67, јави дописничката на МИА од Брисел.

Здравствените власти соопштија дека 558 нови лица се регистрирани како заразени, вкупниот од почетокот на пандемијата изнесува 2.815 заразени.

Речиси 300 лица биле хоспитализирани вчера, а уште 74 пациенти се пренесени на интензивна нега.

Овие бројки се однесуваат само на регистрираните случаи. Со оглед на тоа дека не се тестира целото население, туку само оние со тешки симптоми, реалната бројка е многу повисока.

Најголем број заболени има во Фландрија, најмалку во Брисел.

Властите потсетуваат дека сите возрасти можат да бидат заразени и тешко болни.

Од вчера Белгија ги затвори своите граници и забрани секакво патување и внатре во земјата и надвор од неа, освен за неопходни случаи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот