Нови 127 заболени од Ковид-19 во Македонија, уште тројца пациенти починаа

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти, во: Скопје-4, Тетово-2, Гостивар-1. Починати се 3 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.152, бројката на оздравени пациенти е 1.653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Куманово е од Скопје. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

•    Скопје 1332, активни 720
•    Куманово 556, активни 139
•    Дебар 53, активни 2
•    Штип 207, активни 169
•    Прилеп 218, активни 27
•    Тетово 291, активни 127
•    Струга 103, активни 30
•    Велес 144, активни 30
•    Битола 30, активни 3
•    Охрид 37, активни 20
•    Кавадарци 6, активни 1
•    Гостивар 50, активни 28
•    Гевгелија 6, активни 2
•    Струмица 5, активни 2
•    Крива Паланка 7, активни 1
•    Радовиш 4, активни 0
•    Крушево 3, активни 0
•    Кочани 53, активни 22
•    Пробиштип 7, активни 5
•    Демир Хисар 1, активни 0
•    Македонски Брод 2, активни 0
•    Пехчево 3, активни 0
•    Берово 2, активни 1
•    Валандово 3, активни 2
•    Виница 3, активни 1
•    Делчево 1, активни 0
•    Кратово 3, активни 1
•    Свети Николе 3, активни 2
•    Кичево 3, активни 1
•    Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 702 теста се преку: ИЈЗ –440 , ЦЈЗ Скопје-24 , Авицена –0 , Биотек – 0, Жан Митрев (Филип Втори) –91 , Систина со PCR метода –66  и МАНУ -81 .  Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 71 пациент. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 42 пациенти. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 39 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера:
•    Чаир- 168
•    Центар – 64
•    Бутел    – 63
•    Гази Баба-58
•    Аеродром- 57
•    Сарај- 55
•    Карпош- 45
•    Кисела Вода- 35
•    Арачиново- 23
•    Студеничани- 19
•    Илинден- 18
•    Ѓорче Петров- 18
•    Шуто Оризари- 17
•    Петровец- 6
•    Чучер Сандево- 3
•    Сопиште- 2
•    Странец -2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот