Новата српска влада со три нови министерства- ресори за селото, човековите права и семејството

Во српскиот парламент стигнат е Предлог-закон за министерства, кој предвидува Владата на Србија да добие уште три нови ресори – Министерство за човекови и малцински права и социјален дијалог, Министерство за семејна грижа и демографија, како и Министерството за грижа на селата.

Покрај новите, Владата на Србија ќе ги има веќе познати министерства: финансии, економија, земјоделство, шумарство и водостопанство, заштита на животната средина, градежништво, транспорт и инфраструктура, рударство и енергетика, трговија, туризам и телекомуникации.

Во Владата ќе бидат и Министерството за правда, државната администрација и локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, за надворешни работи, Министерството за европски интеграции, како и министерствата за образование, здравство, млади и спорт, култура и информирање, за труд, вработување и социјални работи.

Предлог-законот го потпишаа 167 пратеници од пратеничката група „Александар Вучиќ за нашите деца” на Српска напредна партија (СНС).

Собранието за нацрт-законот ќе расправа по итна постапка во сабота, на 24 октомври, за да може да се избере новата Влада, што е најавено за среда, на 28 октомври 2020 година.

Составот на новата Влада на Србија, треба да биде познат по седница на претседателството СНС, која како што е најавено ќе се одржи во недела на 25 октомври.

Манадатар за составот на новата влада е досегашната премиерка Ана Брнабиќ, а вчера, досегашнито шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ беше изгласан за претседател на највисокиот законодавен дом на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот