Новата група американски волонтери од Мировниот корпус пристигна на скопскиот аеродром

Педесет и шест Америкаци кои ќе служат како волонтери на Мировниот корупс денеска пристигнаа на скопскиот аеродром.

Тие за време на двегодишниот престој во државава ќе го споделат своето знаење и искуство работејќи како наставници по англиски јазик во училиштата, дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини.

Волонтерите беа пречени на аеродромот од директорот на Мировен корпус во Македонија, Марк Ханафин.

– Ова е најголемата група волонтери во историјата на Мировниот корпус во Северна Македонија. Од година во година, бројот на волонтери сè повеќе се зголемува. Ова го покажува големиот интерес што постои кај Американците да служат во Северна Македонија, изјави Ханафин.

Ова е 24-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Македонија. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во земјата ќе ја почнат во декември.

Мировниот корпус е американска владина организација која ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика. Од 1996 година повеќе од 800 американски државјани служеле во Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот