Новак Ѓоковиќ ја покажа празничната трпеза: Поради еден детаљ фановите се пошегуваа со него!

Instagram
Instagram

Најдобриот тенисер во светот на социјалните мрежи реши да сподели дел од божиќната атмосфера од неговиот дом со неговите фанови. Само поради еден детаљ на масата не требаше долго за да се направат шеги на негова сметка преку коментари под неговата објава.

Instagram
Instagram

Станува збор за лебот кој традиционално се пече за Бадник и во кој се става паричка.

„И Јеца Ѓоковиќ подготвила погача, но таму нема глутен“, „Лепчето е веројатно направено од авокадо“, се само дел од духовитите коментари на инстаграм – профилот под фотографијата од трпезата со која Новак и Јелена го честитаа Божиќ.

Instagram
Instagram

„Ви посакуваме мир и хармонија во душата, срцето и умот“, им посака тој на своите фанови со оваа објава.

Да се потсетиме, славниот тенисер страдаше од бројни алергии и други здравствени нарушувања што го забавија во неговиот спортски успех. Му беше дијагностицирана нетолеранција на глутен во 2010 година. Пред сето тоа и самиот изјави не ни знаел што е тоа глутен. По глутенот ги елиминираше сите млечни производи од исхраната, како и рафиниран шеќер и повторно е во топ – форма.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот