Нова затворска казна за Миле Јанакиески

Денешната пресуда е петта по ред која ја изрекува Основниот кривичен суд Скопје во случај во кој обвинет е поранешниот министер Миле Јанакиески.

Три години и шест месеци затвор му изрече денеска Основниот кривичен суд Скопје на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во случајот „Топлик“, кој се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште.

Денешната пресуда е петта по ред која ја изрекува Основниот кривичен суд Скопје во случај во кој обвинет е поранешниот министер Миле Јанакиески. Од претходните четири, во две тој доби условна, а во две затворска казна.

Осудителни пресуди добија и останатите петмина обвинети кои во врска со продажбата на земјиштето биле дел од Комисијата за јавни наддавања во Министерството за транспорт врски.

Еден од останатите петмина обвинети, Томе Ѓурчиловски кој бил претседател на Комисијата, исто така, доби затворска казна во траење од 3 години затвор. Останатите четворица Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Веса Томчевска добија условни казни затвор од две годни кои нема да се извршат ако во рок од пет години не сторат ново кривично дело. обвинети во случајот се гонат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а настанатата штета на буџетот е 64 милиони денари.

Пресудата за случајот е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд Скопје. Процесот го водеше судечки совет на чело со судијата Осман Шабани, каде како втор судија беше Огнен Ставрев. Застапник на обвинението, пак, е обвинителот Бурим Рустеми.

– Им благодарам на медиумите што професионално известуваа за овој случај – рече судијата Осман Шабани.

Членовите на Комисијата за јавни наддавања не сториле кривично дело, смета одбраната во случајот „Топлик”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот