Вакцинација против коронавирусот во Франција
Вакцинација против коронавирусот во Франција / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Нова варијанта на грип се шири низ Европа

Сезонскиот грип годинава се појавува многу порано од вообичаено во земјите на Европската Унија, предупреди Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). На веб-страницата на институцијата е објавено дека нов сој на вирусот, подгранка К на инфлуенца А(H3N2), почнал да циркулира три до четири недели порано отколку во последните две сезони.

Едоардо Колѕани, раководител на Одделот за респираторни вируси во ECDC, вели дека „времето е од суштинско значење“ и ги повика граѓаните да се вакцинираат без одложување. Тој нагласи дека вакцинацијата во моментов претставува еден од најдобрите начини за заштита од тешки облици на болеста во претстојната зима, пренесува Еуроњуз.

ECDC препорачува итна вакцинација за сите ризични групи: лица постари од 65 години, бремени жени, лица со хронични заболувања или ослабен имунитет, како и оние кои живеат во установи за долготрајна нега. Од центарот предупредуваат дека Европа би можела да се соочи со потешка сезона на грип доколку опфатот со вакцинација остане низок.

Поголем број инфекции од вообичаеното би значел и дополнителен притисок врз здравствените системи. Затоа, здравствените установи се повикуваат да ги зајакнат плановите за подготвеност, мерките за контрола на инфекции и носењето маски во периоди на засилена циркулација на респираторни вируси.

Во типична сезона, грипот заразува и до 50 милиони луѓе во Европа, а годишно од него умираат меѓу 15.000 и 70.000 луѓе во ЕУ. Децата обично се првите што се разболуваат и го пренесуваат вирусот на своите семејства, а секоја година до 20% од европското население се соочува со грип, што сериозно влијае на училиштата, работните места и здравствените услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот