Нова студија: Луѓето им пренесуваат двојно повеќе болести на животните отколку што тие им пренесуваат на луѓето

Фото: Pexels

Некои од најсмртоносните болести што го погодиле човештвото потекнуваат од патогени кои биле пренесени од животните на луѓето. Но, најновата британска научна студија покажа дека луѓето пренесуваат двојно повеќе болести на животните отколку што пренесуваат на луѓето.

ХИВ, вирусот причинител на имунитетски недостаток кај човекот, преминал од шимпанзата на луѓето, а многу експерти веруваат дека коронавирусот потекнува од лилјаците.

Во новата студија биле испитани речиси 12 милиони вирусни геноми и биле откриени речиси 3.000 случаи на вируси кои преминале од еден вид на друг, објави „Ројтерс“.

Од нив, 79 отсто од случаите вклучувале вирус кој се пренесува од еден животински вид на друг.

Останатите 21 процент од вирусите вклучувале луѓе, од кои 64 проценти биле пренос од човек на животно или антропоноза, а 36 проценти биле резултат на пренос од животно на човек или зооноза.

Истражувањето од Лондонскиот институт за генетика исто така покажа дека дивите животни имаат многу поголема веројатност да добијат вируси од луѓето отколку на кој било друг начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот