Нова опрема за сообраќајната полиција

Набавката содржи генератори за електрична енергија со рефлектори, продолжни кабли, инвертер, мерила за алкохол, фотоапарати со додатна опрема.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) за потребите на Министерството за внатрешни работи набави опрема вредна 3.520.000 денари или околу 57.000 евра, која на МВР ќе му биде предадена на трајно користење.

Набавката содржи генератори за електрична енергија со рефлектори, продолжни кабли, инвертер, мерила за алкохол, фотоапарати со додатна опрема.

РСБСП е должен секоја година 30 проценти од приходот по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата да ги намени за модернизација на уредите и опремата на надлежната организациска единица во Министерството за внатрешни работи, која врши контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата.

„Соработката помеѓу РСБСП и МВР е заедничка цел и законска обврска и  се реализира на повеќе нивоа и во повеќе области. Зајакнување на капацитетите на сообраќајната полиција е една од стратешките цел на МВР, но и на РСБСП“, соопшти Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот