Нова бура ѝ се заканува на Велика Британија

Бура Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Авиокомпаниите од претпазливост откажаа стотина летови од Лондон и останати британски градови, а оператори на железничкиот сообраќај предупредија дека се можни одложувања или откажувања на тргнувањата.

Авионските летови во Велика Британија се откажани, а војската е распоредена за да им помогне на граѓаните кои се подготвуваат за новата бура Денис.

Оваа бура, според најавите на властите, би можела да донесе силни дождови и поплави во одредени делови на Англија.

Огромни бранови со висина до девет метри од утринава ги покриваат бреговите на северниот Атлантик, а ветровите со ураганска сила достигнаа брзина до 148 километри на час, соопшти американскиот Национален метеоролошки центар.

Денис, четвртата олуја оваа зимска сезона, веќе предизвика пореметувања во сообраќајот ширум земјата, пренесува „АП“.

Авиокомпаниите од претпазливост откажаа стотина летови од Лондон и останати британски градови, а оператори на железничкиот сообраќај предупредија дека се можни одложувања или откажувања на тргнувањата.

Во предели на северна Англија, кои се уште се опоравуваат од минатонеделната олуја Кјара, бурата според прогнозите, ќе донесе 120 сантиметри дожд.

Бурата Денис доаѓа само една недела откако Кјара предизвика сериозни проблеми во сообраќајот и остави илјадници домови без струја, а се стравува и дека ќе предизвика уште поголеми штети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот