Нова аудио „бомба“ открива дека Мијалков бил донатор за партиски активности на ВМРО-ДПМНЕ

На јутјуб утрово се појави нов детал од разговор на Христијан Мицкоски со осудениот во случајот „Рекет“ Зоран Кичеец, во која тој потврдува дека и Сашо Мијалков бил еден од донаторите на ВМРО-ДПМНЕ со донации од по 5 илјади евра за покривање трошоци за автобуси.

Мицкоски го спомнува 2 јуни што е датумот кога тој држеше говор на опозициски митинг пред Владата во 2018 година.

„Сашо даде два пати по 5 илјади евра за автобусите за 2 јуни” вели Мицковски во разговорот.

Не е јасно од објавениот рразговор на кој начин Мијалков ги донирал овие пари за партиските активности на ВМРО ДПМНЕ.

Разговорот може да го слушнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот