Нов Зеланд доби нов премиер

Крис Хипкинс/ Фото: Lynn Grieveson / Alamy / Alamy / Profimedia

Лидерт на Лабуристичката партија на Нов Зеланд, Крис Хипкинс положи заклетва како 41. премиер на Нов Зеланд, пренесува „Економист“.

Хипкинс (44) досега ја извршуваше функцијата министер за полиција и борба против коронавирусот. Тој на 22 јануари беше избран за лидер на Лабуристичката партија на Нов Зеланд, откако претходната премиерка Џасинда Ардерн минатата недела поднесе оставка.

Кармел Сепулони положи заклетва како нов заменик-премиер. Таа по потекло е од Пацификот и е прва личност на таа функција.

Хипкинс, познат по прекарот Чипи, ќе ја води земјата до општите избори во октомври.

Ардерн ќе остане пратеничка до април.

„Немам сили да ја водам државата“: Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден поднесе оставка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот