Нов видеоспот на „Ван Гог“ во пресрет на јубилејот во 2026, 40 години на сцена
Белградскиот бенд „Ван Гог“ никако да ја истроши својата креативна енергија. Акустичната верзија на песната „Опасен танц“, меѓу другите песни, ја формираше и основата на акустичниот албум на групата „Ван Гог“, објавен под името „Ако застанеме, ќе изгубиме сѐ“ во 2016 година. Ова ново видео (2025) е увертира во прилог на новите достигнувања на групата (неодамна објавената песна „Луд и сам“) и други, што публиката ќе има можност да ги слушне 2026 година, кога „Ван Гог“ наскоро ќе прослави 40 години од својата творечка дејност и 10 години од споменатиот акустичен албум, кој за таа прилика ќе се појави и на винил.
Препорачано
Инаку, музиката во спотот е дело на Звонимир Ѓукиќ, Александар Хабиќ, на текст од Звонимир Ѓукиќ, аранжман на Воислав Аралица, Звонимир Ѓукиќ, микс и продукција на Воислав Аралица, снимање и дигитална монтажа на Сања Ѓуричиќ а сето снимено во студио „Сиена“, Белград. Видеото е од 2025 година кое е во режија, камера, монтажа и продукција на Дејан Сениќ. Улогите во спотот ги толкуваат Соња Первова и Данила Первов. Новиот албум на бендот е во подготовка а во 2026 година ќе следува негова промоција и објава; по повод 40 години на сцена и промоција на новиот албум, бендот ќе тргне на турнеја низ регионот и градовите низ светот во пресрет на својата публика.


