Нов систем на паркирање во скопски Центар: Се плаќа и без СМС-порака
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, денеска успешно реализираше поставување нови информативни табли со современ дизајн и вграден Кју-ар код (QR code) кој овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка.
Препорачано
Претпријатието денес започнува со замена на сите информативни табли со нов и модерен дизајн, како и поставување дополнителни табли за подобра информираност и полесна ориентација на корисниците, велат од „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје.
Новите табли содржат јасно означени податоци за зоните, тарифите и начинот на плаќање, а Кју-ар кодот овозможува директен пристап до безбеден систем за електронско плаќање, без потреба од најава, регистрација или испраќање СМС порака, соопштуваат од претпријатието.
„Воведувањето на системот со Ќу-ар код е дел од нашата стратегија за дигитализација и поедноставување на услугите за граѓаните. Со ова решение, секој возач може за неколку секунди да го плати паркирањето без апликации, без регистрации и без дополнителни чекори. Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и кориснички ориентирано паркирање во oпштина Центар,“ изјави директорot на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски.
Повеќе од 120 хаварисани возила отстранети во Центар, ПОЦ ја продолжува акцијата


