Протест во Атина/Фото: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Нов протест во Атина за несреќата во Темпи: Ќе стигнеме до целта

На плоштадот Синтагма во Атина синоќа се одржа голем концерт во спомен на настраданите во железничката несреќа во Темпи на кој учествуваа многу уметници, испраќајќи порака за правда за 57-те жртви во трагедијата. Концертот го следеа илјадници грчки граѓани кои се одѕваа на повикот на студентските здруженија кои се децидни дека нема да запрат со протестите додека вистината за трагедијата не излезе на виделина и одговорните не се соочат со заслужените казни.

На концертот под мотото „Песна за децата што се изгубија во возовите“ беа прочитани имињата на загинатите и луѓето пуштија балони на небото на Атина. Студентските протести кои се одржуваат во Атина, Солун и во другите грчки градови се поддржани и од грчките синдикати, граѓански здруженија и од роднините на жртвите со цел да се не дозволува да се прикрие злосторството од 28 февруари 2023 година кога во директен судар на патнички и товарен воз на пругата кај Темпи загинаа 57 лица, претежно млади и студенти.

Организаторите најавија дека протестите ќе продолжат и во наредниот период, а студентските здруженија и синдикатите ќе се состанат на улиците и плоштадите низ државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот