НОВ ПРЕСВРТ ВО БРИТАНИЈА: Парламентот го отфрли планот на Џонсон, следуваат избори?

Фото: EPA-EFE/UK PARLIAMENTARY RECORDING UNIT

Британските пратеници го расипаа планот на Борис Џонсон за „провлекување“ договор за Брегзит низ парламентот пред рокот на 31 октомври, и покрај тоа што претходно денес тој се закани дека ќе го повлече својот предлог и ќе побара распишување на избори, објавуваат британските медиуми.

По целодневното дебатирање меѓу премиерот и пратениците, предлогот на владата тесно загуби, со само 14 гласови разлика.

Пратениците ја одбија „предлог-програмата“ со образложение дека им е одреден краток, тридневен рок за да го прочелаат договорот напишан на 110 страни.

Предлогот е објавен доцна синоќа, а советникот Саџид Џавид одби да ја објави економската анализа на договорот, пишува „Гардијан“. Затоа, дури и некои пратеници кои претходно беа подготвени да го поддржат предлогот на Џонсон, рекоа дека не можат да се согласат со толку кратка расправа.

Долниот дом претходно на второто читање го поддржа договорот за излез на Британија од Европската Унија со 329 гласови, наспроти 299 гласови кои беа против.

Претходно денес, Џонсон го предупреди парламентот дека ако неговиот план пропадне, Британија ќе мора да излезе на избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот