Нов подвиг за респект: 80-годишниот Ѓорѓи по шест часа возење со велосипед од Маврово стигна во Прилеп

Подвиг на велосипедистот Ѓорѓи Кузмановски (80)/Фото: МИА

По 11-ти пат, во чест на Денот на независноста, 80-годишниот велосипедист Ѓорѓи Кузмановски по шест часа возење со велосипед од Маврово и поминати 120 километри, стигна на крајната дестинација во Прилеп. Кузмановски кој стигна во центарот на градот по шест часа возење, се чувствува витално и од срце го честита големиот празник.

– Денеска, по 11-пат возевме маршрута по повод Денот на независноста, осамостојувањето на Македонија. Маршрутата беше Маврово, Стража, Кичево, Македонски Брод, Прилеп во должина од 120 километри, со просечна брзина од околу 30 километри на час и срцева фрефенција, околу 120 отчукувања на срцето во минута.Ова го правиме со колегата Дејан Момировски по повод празникот за да дадеме и ние малку придонес во одбележувањето на овој голем државен празник. Воедно сакаме да дадеме поттик на повозрасните да рекреираат и да покажат пример за здравје во интерес на нацијата, изјави Кузмановски.

Кузмановски вози 11 години и секоја година маршрутата е различна. Досега не се повториле. Секогаш тргнувам, од истото место, но стигнуваме на различна локалција.

-Порачуваме да си го празнуваме празникот наш-македонски, да даваме придонес, секој од свој аспект колку што може да се одбележи овој ден, значаен ден за државата, и за нацијата и преку нашето спортско ангажирање, особено на повозрасната популација да не седи дома, туку да рекреира, порачува Кузмановски.

Педесет и четиригодишниот спортист, велосипедист Дејан Момировски од почетокот, пред 11 години го придружува Кузмановски на овој подвиг.

– Од почетокот пред 11 години заедно со Ѓорѓи ја возиме трката за денот на независноста. Ѓоко беше иницијаторот, јас прифатив и еве веќе 11 години возиме и се надеваме дека уште долго ќе ја одржуваме оваа трка во чест на празникот. прво да го означиме празникот и да укажеме на значењето на спортските активности во секојдневниот живот, вели Момировски.

За себе Кузмановски вели дека целиот животен век го поминал „на тркала”. Велосипедист е, моторџија, пред два дена го заврши релито со мотори низ државава како најстар учесник и за три дена помина 800 километри.Има возено 30 релија. Го препознаваат како велосипедист и спортски работник. Дваесет години бил секретар на Сојузот на спортови на Скопје, исто толку во боксерскиот и во велосипедскиот републички сојуз, две децении како тренер на репрезентацијата, а има и пет години поминато во селекторскиот тим на репрезентацијата на поранешна Југославија. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот