Нов достоинствен дом ќе добие „Танец“

На иницијатива на директорот на Н.У. „Танец”, Мартин Вучиќ, на 72. владина седница одржана на 23 јуни 2020 година, беше разгледано и одобрено поднесеното барање на институцијата за ново урбанистичко-архитектонско решение за нов дом на една од најстарите културни институции во државата, проект врз кој раководството на „Танец” работеше интензивно во изминатиот пандемиски период.

Владата го разгледа барањето и го задолжи Министерството за култура да предложи соодветно решение до Владата за проблемот со кој се соочува Националната установа Ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец”.

-Со тоа, конечно, после 7 децении постоење, една од најважните македонски институции од областа на културата кај нас ќе добие своја сала и соодветни услови за работа и концертирање, достојни за нејзината историска важност. Ова е прв пат, некоја влада да има слух за значајната улога на адекватните просторни услови во целокупниот раст и натамошен развојот на овој наш најголем амбасадор на македонското фолклорно богатство и македонската култура, воопшто- наведуваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот