Норвешката фудбалска бајка од Арктичкиот круг: Сензацијата наречена Бодо Глимт
Фудбалерите на Бодо Глимт ги победија Манчестер сити и Атлетико Мадрид во групната фаза од Лигата на шампионите, а сега и Интер Милан во нокаут рундата од плејофот.
Препорачано
Норвешкиот клуб продолжува да ги надминува сите очекувања. Фудбалскиот клуб од мал град со околу 40.000 жители, 110 километри во Арктичкиот круг, стекна репутација на „убиец на фаворитите“, а вечерта на 24 февруари во Милано, го направи едно од најголемите изненадувања во историјата на Лигата на шампионите.
Во осминафиналето на ЛШ, Бодо Глимт ќе игра или против Манчестер сити или против Спортинг Лисабон.
– Ова е историски момент за Бодо, а верувам и за норвешкиот фудбал – рече тренерот Кјетил Кнутсен.
Овој бајковит пласман во нокаут фазата изгледаше малку веројатна откако Бодо Глимт не успеа да ги добие првите шест мечеви од лигашката фаза. Ова значеше дека им беа потребни победи над Манчестер сити и Атлетико Мадрид за да се квалификуваат во нокаут фазата.
ВИДЕО: Сорлот со хет-трик го водеше Атлетико Мадрид до осминафинале во ЛШ
Брилијантна статистика
– Бодо Глимт е првиот норвешки клуб што стигнал до нокаут фазата од Лигата на шампионите и прв вкупно по Лилестром во сезоната 1987/88 кога постоел претходниот формат на натпреварувањето, Европскиот куп.
– Првиот клуб надвор од петте најдобри европски лиги што победил во четири последователни натпревари од Купот на шампионите/Лигата на шампионите против противници од тие лиги (Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција) по Ајакс во 1971/72, кој го освои Европскиот куп таа сезона.
– Јенс Питер Хауге постигна шест гола за Бодо Глимт во ЛШ оваа сезона; најмногу голови од норвешки играч за норвешки клуб во едно издание на Купот на шампионите/Лигата на шампионите.
VI KLARTE DET!!! pic.twitter.com/NlMmhx8PeG
— FK Bodø/Glimt (@Glimt) February 24, 2026
Во северна Норвешка, во Бодо често може да биде многу студено, снежно и ветровито во текот на долгите зимски месеци, со температури далеку под нулата. Поради суровите временски услови, тимот игра на вештачки терен направен од пластика, што е предизвик за другите тимови кои не се навикнати на подлогата
Овие фактори, како и решителноста на играчите и силната верба во сопствените способности, предизвикаа многу ривали да го напуштат Бодо со наведнати глави. Пред пет години, тие ја декласираа Рома со 6:1 дома во Лигата на Европа, кога римскиот клуб го водеше од клупата Жозе Мурињо, а во последниве години, паднаа и шкотскиот Селтик, турскиот Бешикташ, португалскиот Порто и уште еден римски клуб – Лацио.


