Нормалниот живот во земјава ќе се врати постепено ветува Филипче

ФОТО: МИА

Имајќи го предвид искуството на некои други земји,изјави Филипче, секогаш постои ризик и за втор пик на дијагностицирани пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека кога ќе дојде време за прекинување на мерките воведени за спречување на коронавирусот, ќе се врати и нормалниот живот во земјава постепено. Имајќи го предвид искуството на некои други земји,изјави Филипче, секогаш постои ризик и за втор пик на дијагностицирани пациенти.

– Ние сме сега во една фаза во која мерките што ги воведовме се практично најстроги во смисла на рестрикција на движењето. Сметаме дека ќе дадат резултат, но истовремено се спремаме и за периодот кога ќе се достигне врвот. Согласно предвидувањата тоа би било на крајот на април. Сакам да упатам една јасна порака дека нема да може така лесно, целокупниот и работен процес и животот да се врати во нормала и со истиот интензитет. Започнуваме интензивна комуникација со стопанските комори и од нашата страна, од страна на Комисијата за заразни болести ќе им се дадат јасни насоки, како треба нивниот работен процес да го организираат, за во моментот кога ќе дојде, да се отстранат сите тие рестрикции и ригорозни мерки, постепено да се вратиме во нормала – истакна Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот