НОЌНАТА МОРА НА ИМПИЧМЕНТОТ: Ќе се справи ли Трамп со новата афера која го најсериозно досега го разниша неговиот мандат?

Фото: EPA-EFE/Shawn Thew

По бурната недела, САД се соочуваат со реалноста за нова долга национална ноќна мора околу можен потенцијален корумпиран претседател.

Четириесет и пет години по Вотергејт, и 20 години по големиот срам на Бил Клинтон, механизмот за отповикување на еден претседател повторно „оживува“ во Вашингтон. Обидот на Демократите да го соборат претседателот Доналд Трамп изгледа веројатно, и со оглед на горките поделби, да преточи уште повеќе отров во политичкиот свет на нацијата, многу повеќе од претходните два случаи, анализира колумнистот на Си-Ен-Ен, Стивен Колисон.

За разлика од компликуваната и збунувачка слика за сомнителните зделки со Русите и потенцијалната опстукција насликана од специјалниот истражувач Робер Мулер, прашањата кои ја засенуваат САД сега се многу појасни – фактор кој директно додава во политичката ранливост на претседателот Трамп.

Дали Трамп ја злоупотребил својата моќ со задржување на помош во вредност од милиони долари за да направи притисок врз странска земја, за да му наштети на политички противник Џо Бајден? И дали Белата куќа се обидела да го прикрие овој настан?

– Претседателот на САД ја предаде неговата заклетва како претседател, ја предаде заклетвата дека ќе ја брани националната безбедност, и ја предаде заклетвата дека ќе го брани Уставот – изјави шефот на Комисијата за разузнавање во Долниот дом на Конгресот, Адам Шиф.

Поплаката на сврикачот за Трамп во однос на неговиот телефонски разговор на 25 јули со укранинскиот претседател Владимир Зеленски е само „патоказ“ за следните настани, смета Шиф. Документот за обвинувањата за прикривање отвора можност неколку клучни сојузници на Трамп да бидат истражувани, како адвокатот Руди Џулијани и државниот обвинител Вилијам Бар, и алудира на можни други случаи каде документите биле прикривани поради политички причини.

Веќе 219 Демократи во Конгресот, повеќе од половина од 435-те членови јавно дадоа поддршка за започнување на постапката за отповикување на преседателот, преброи Си-Ен-Ен.

Карактерот на одбраната на претседателот од страна на Републиканците исто така е јасна. Републиканските пратеници и поддржувачи веќе се обидуваат да ги дискредитираат сега веќе строго документираните докази за притисокот од Трамп врз Зеленски. И Белата куќа го гледа отповикувањето како уште еден напад на Демократите врз Трамп, претседател кој тие го сметаат за нелегитимен уште од неговата победа во 2016 година.

– Она што и го прават Демократите на оваа земја е срамно, и не смее да биде дозволено. Мора да има начин да се запре – изјави Трамп.

Се огласи и Џо Бајден, на кого целата сага и скандал директно му оди во прилог на главната тема на неговата централна кампања дека Доналд Трамп е несоодветен за преседател на државата.

Но Трамп тврди дека Бајден и неговиот син Хантер се виновни за корупција во Украина и Кина – за што засега нема докази – и би можело да стане како голема одвраќање на вниманието на поранешниот потпретседател.

Во изјава на медиумите во сојузната држава Калифорнија, Бајден тврдеше дека тој се обидува да влјае врз изборите.

– Тој сака странска помош за да победи на изборите – изјави Бајден.

Од друга страна, републиканецот Мајк Конвеј од Тексас аргументира дека претседателот имал право да го праша неговиот странски колега да отвори истрага за корупција, позајмувајќи ја аргументација на Белата куќа за телефонскиот разговор меѓу Зеленски и Трамп.

– Сосема соодветно е еден претседател да побара од друг претседател да им помогне на службите да истражат наводен криминал – смета Конвеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот