Ноќен протест пред „Комунална“, директорката Мазнева повикала полиција, ѓубрето остана несобрано

Протест пред Комунална хигиена: принтскрин ТВ21

Тензична ноќ имало во просториите на Скопска комунална хигиена. Директорката Косана Мазнева викна и полиција за да ги натера работниците кои штрајкуваат да го соберат сметот од Скопје, објави ТВ 21.

Вработени трет ден одбиваат да работат со образложение дека Мазнева не им ги продолжила договорите на стотина работници. Мазнева вчера изјави дека оние на кои не им ги продолжува договорите со години се неработници, а дел од нив и воопшто не доаѓале со години на работа, ангажирани со договор преку партиски врски.

Дел од вработените се солидаризираа со оние на кои им престанаа договорите и ги оневозможуваат и другите работници да работат. Така било и синоќа кога работниците од трета смена биле спречени да ја завршат работата, по што диркеторката повикала полиција.

Градските општини апелираат градот и раководството на Комунална хигиена да изнајдат решение и да го расчистат Скопје од сметот. Вчера со соопштение апелираше општина Центар, а денеска истото го побара и општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот