Општина Аеродром бара „Комунална хигиена“ итно да ги испразни контејнерите

Полни контејнери во Аеродром

Општина Аеродром бара екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ итно да ги испразнат контејнерите кои се преполни со ѓубре.

Општината во соопштение потсетува дека обврска и одговорност на секој менаџер, вклучително на директорите на јавните претпријатија и градоначалникот на Град Скопје е да воспостават и одржуваат систем за соодветно менаџирање на ресурсите со кои располагаат и на таков начин да обезбедат квалитетна услуга за граѓаните.

– Чистотата, јавната хигиена и одржување на здрава животна средина е јавен интерес од кој сите имаме бенефит. Делот на хигиената во Скопје кој е во надлежност на градските служби подолг временски период е во лоша состојба, а изминатите неколку денови, за жал градското јавно претпријатие „Комунална хигиена“ не успеа да најде начин како да го менаџира системот на одржување на чистата животна средина. Насекаде гледаме полни контејнери, а сите ние, граѓаните ја трпиме штетата од, неумесното и неодговорно менаџирање со јавното претпријатие. Преполните контејнери смет и лошиот мирис кој се шири во општината е одговорност на Градот Скопје и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Граѓаните одговорно и навремено ја плаќаат комунална такса и тие заслужуваат чиста и средена општина. Токму поради тоа апелираме до надлежните, да ја тргнат политиката на страна и итно да изнајдат соодветно решение за собирање на сметот во  општина Аеродром – апелираат од општината.

Полни контејнери во Аеродром

Дел од вработените во „Комунална хигиена“ протестираат, а хигиената во Скопје е на многу лошо ниво. Директорката Косана Мазнева вчера рече дека група контролирана од политичка партија ја блокира „Комунална хигиена“ и спречува да се собира ѓубрето.

Полни контејнери во Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот