„Нокаут“ на 7 септември настапува на Хераклеа!

Нокаут продолжува да ги оживува античките локалитети. После успешниот и емотивен концерт на Античкиот театар во Охрид, музичката магија ќе ја донесат и на сцената на Хераклеја во Битола.

Денот кога НОКАУТ повторно ќе се сретне со битолската публика е закажан за 7 септември 2020. Специјални гости на вечерта ќе бидат Игор Џамбазов, и рок легендата која со нив настапи и на Античкиот театар, Венко Серафимов.

Групата и организаторот од Продуцентската куќа “Сцена”, ја уверуваат публиката и пошироката јавност дека вечерта на концертот ќе бидат запазени сите мерки на претпазливост. Покровител на настанот е Општина Битола, поддржани од Адмирал Казина.

Билети во предпродажба можат да се набават во продажната мрежа на www.mktickets.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот