Нобелова награда за медицина за 2020 година: Тројца научници како лауреати за откривање на хепатит Ц

Фото: EPA-EFE/Claudio Bresciani / POOL SWEDEN OUT

Нобеловата награда за медицина за оваа година им припадна на Харви Алтер, Мајкл Хаутон и Чарлс Рајс за откривање на вирусот на хепатит Ц, објави Нобеловиот комитет на Шведската кралска академија на науките.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека има преку 70 милиони случаи на хепатит Ц ширум светот и 400.000 смртни случаи секоја година. Болеста е хронична и главна причина за воспаление на црниот дроб и рак.

Престижната награда носи златен медал и парична награда од 10 милиони шведски круни (над 1.118.000 милиони долари).

Името на лауреатот за физика ќе биде објавено утре, во среда за хемија, в четврток за литература и в петок за мир. Името на добитникот на наградата за економија секогаш се објавува на крајот и тој ќе биде соопштен следниот понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот