НЛБ Банка со можност за одложување на отплатата на кредитите за физички лица

НЛБ Банка Скопје/ Фото : Архива

Клиентите кои согласно евиденцијата на Банката исполнуваат некој од овие критериуми ќе добијат индивидуална понуда од Банката, која ќе можат да ја прифатат преку веб страницата на Банката во рок од 10 дена од датумот на доставување на понудата. Клиентите кои во овој рок нема да ја прифатат понудата ќе продолжат со редовна отплата на своите обврски.

Периодот на одложена отплата на месечните кредитни обврски на клиентите – физички лица согласно Јавната понуда на НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти-физички лица со број 03-7502 завршува заклучно со 30 септември годинава.

-Поради продолжувањето на несаканите ефекти на пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти – физички лица за полесно надминување на негативните последици, НЛБ Банка повторно ќе овозможи одложување на плаќањето на кредитните обврски за сите кредитни продукти, се наведува во соопштението од Банката.

Можноста за одложување на плаќањето, како што посочуваат во соопштението, ќе се однесува на сите физички лица, кредитокорисници во НЛБ Банка, кои имаат активни кредити, кредитни картички и/или дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кои на 29.02.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В, и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност, како и на кредитокорисници во НЛБ Банка кои имаат кредитна изложеност која што е одобрена во период од 1.3.2020 до 24.3.2020 година и се финансиски афектирани од пандемијата на Ковид-19.

– Одложувањето на плаќањето на кредитните обврски ќе биде овозможено за дополнителни шест месеци, најдоцна до 31.3.2021 година, за клиентите – физички лица кои имаат неопходна потреба од истото, односно исполнуваат најмалку еден од следните критериуми:

· Кредитокорисникот и/или со него поврзаните лица и/или ко-кредитобарателот имаат престанок на работен однос во периодот на кризата

· Кредитокорисникот и/или со него поврзаните лица и/или ко-кредитобарателот имаат намалување на платата од најмалку 10% во периодот на кризата

· Високи медицински трошоци поради болест предизвикана од Ковид-19, истакнуваат од НЛБ Банка.

Клиентите кои согласно евиденцијата на Банката исполнуваат некој од овие критериуми ќе добијат индивидуална понуда од Банката, која ќе можат да ја прифатат преку веб страницата на Банката во рок од 10 дена од датумот на доставување на понудата. Клиентите кои во овој рок нема да ја прифатат понудата ќе продолжат со редовна отплата на своите обврски.

Клиентите на кои Банката нема да им достави индивидуална понуда, а сметаат дека исполнуваат некој од наведените критериуми, ќе можат самостојно да аплицираат и да поднесат барање за одложено плаќање преку веб страницата на Банката, со приложување на соодветен документ како доказ за исполнување на некој од критериумите. Притоа Банката ќе пристапи кон разгледување на примените барања и за својата одлука дополнително ќе ги извести клиентите.

-Со цел детално запознавање на клиентите со можноста за одложено плаќање на кредитните обврски, НЛБ Банка на својата веб страница ќе објави информација со спецификација на критериумите за користење на можноста за одложено плаќање, како и дополнителни информации за начинот на спроведување, се наведува во соопштението од НЛБ Банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот