Њукасл го купи голманот на англиската репрезентација
Голманот на англиската фудбалска репрезентација Ник Поуп и официјално е нов играч на Њукасл откако потпиша четиригодишен договор со најбогатиот клуб на светот.
Препорачано
Поуп на „Сент Џејмс парк“ стадионот доаѓа од Барнли која испадна од Премиер лигата.
– Поуп е неверојатен голман. Многу сум среќен што ќе имаме силна конкуренција на голманската позиција – изјави менаџерот на Њукасл, Еди Хау.
Поуп во последните шест години го носеше дресот на Барнли за кого одигра 155 натпревари.
– Едвај чекам да започнам со тренинзите. Ни требаа неколку недели да се договориме и воодушевен сум што сум тука – рече Поуп.
За англиската репрезентација, Поуп дебитантскиот настап го имаше на пријателскиот натпревар против Костарика во 2018 година и оттогаш забележа осум настапи за „Гордиот Албион“.
Њукасл во првото коло од новата сезона ќе игра против Нотингем Форест.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


