Ништо од електричните автобуси — тендерот е поништен

„Министерството за транспорт согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок“, соопшти Министерството за транспорт.

Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи, информира Министерството за транспорт.

„Министерството за транспорт согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок“, соопшти Министерството за транспорт.

Министерствoто за транспорт преку овој тендер објавен во февруари годинава планираше да набави 150 електрични еколошки автобуси и 75 полначи.

Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините.

Унгарска фирма е најповолен понудувач за набавка на 150 електрични автобуси, две фирми поднеле жалба

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот