Ништо од Австралија Опен, одбиено барањето за виза на Ѓоковиќ

Не се гледа крај на хаосот околу Новак Ѓоковиќ/ фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Новак Ѓоковиќ нема да има шанса да ја брани титулата на Австралија Опен бидејќи му е одбиено барањето за виза, јави новинарот на „The Age“ Пол Сакал.

Австралискиот новинар вели дека два извори му ја потврдиле оваа информација. Следниот чекор на Ѓоковиќ е поднесување на жалба на одлуката на австралиските власти.
Ѓоковиќ ќе остане во Мелбурн се до појавувањето пред судот на кој ќе ја образложи жалбата.

Наводно Ѓоковиќ не покажал доволно докази за неговото барање за медицинско изземање.

Драмата со Ѓоковиќ и неговото пристигнување во Мелбурн започна во 13.30 часот по средноевропско време, но набрзо беше испратен на испрашување бидејќи визата не му била валидна.

Испитувањето траеше шест часа, а останатото време Новак го помина во имиграциски притвор на аеродромот во Мелбурн, се до донесувањето на конечната одлука да не му се одобри визата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот