Николовски: ВМРО-ДПМНЕ е симбол на корупцијата и криминалот

Според Николовски, ВМРО-ДПМНЕ е симбол на корупцијата и криминалот, а оваа Влада, освен на реформите и европската агенда, посебен акцент стави и на борбата против криминалот и корупцијата, како и на реформите во судството.

Љупчо Николовски не е виновен за децениските проблеми во државата. Оваа генерација политичари, предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски и целиот наш тим, направи крупни чекори за земјата. По три децении станавме членка на НАТО и сме пред почеток на преговори со ЕУ, рече денеска вицепремерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, отфрлајќи ги обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека оваа власт е причината што земјава е историски најлошо рангирана според индексот на корупција.

Според Николовски, ВМРО-ДПМНЕ е симбол на корупцијата и криминалот, а оваа Влада, освен на реформите и европската агенда, посебен акцент стави и на борбата против криминалот и корупцијата, како и на реформите во судството.

-А ВМРО-ДПМНЕ и на централно и на локално ниво е симбол на корупцијата и криминалот, со огромен број постапки, кривични пријави, обвиненија. Ова целосно нереформирана партија целосно го блокираше законот за Јавно обвинителство, се потпираше на трансфер на предметтие за криминал и корупција од СЈО, ги блокирашпе сите процеси низ кои требаше да трген и да оди оваа земја. Затоа сме влезени силно и бескомпромисно, неселективно во овие клучни приоритети, истакна Николовски.

Тој потсети дека последните неколку години 3.300 предмети се застарени во судовите. Токму таму, смета Николовски, е проблемот што го нотира Транспаренси интернешнл ако длабоко се анализира целокупната студија или истражување.

-Ние ја прифаќаме реалноста, но и ја менуваме. Со секоја нова постапка и случај ја враќаме довербата кај граѓаните, а системот и општеството ги модернизираме. Затоа, врвен приоритет на оваа Влада е борбата против криминалот и корупцијата, рече вицепремиерот.

Тој во оваа прилика посочи дека СДСМ интензивно продолжува со внатрепартискте реформи. За 10 дена 20.000 членови го ажурирале своето членство, а 1.563 тимови на партиските месни одбори се активни во 74 општински комисии.

-СДСМ се менува за уште подобро да им служи на граѓаните.Оваа порака им ја упативме и на жителите од источниот дел на земјата. Задоволен сум што позитивно гледаат на овие демократски промени во партијата, истакна Николовски и дополни дека модернизацијата на партијата ќе финишира на 21 март со првите непосредни избори на кои ќе се гласа за претседател на СДСМ.

СДСМ, подвлече Николовски, е отворена за нови членови, а секој што сака може да аплицира и онлајн.

Николовски во придружба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на патниот правец од кочанската населба Оризари до туристичкиот локалитет Добра Вода. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот