Николовски: Исплатени 1,5 милијарди денари кон 14.300 тутунари

Тутун/ Фото: ЕПА

На сметките на околу 14.300 тутунопрозводители денеска се исплатени субвенциите за реколтата од 2023 година во вредност од близу 1,5 милијарда денари, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Министерот Николовски појасни дека се исплатени субвенциите за договорен и предаден ориентиран ароматичен тутун и според него, ова е најголемата исплата и поддршка на тутунопрозводителите.

Тој информира дека субвенциите се исплатени на сите оние кои ги исполнуваат условите, без никакви притисоци, списоци, партиски поделби…

– Чесно и рамноправно со едно решение и една исплата во еден ден за сите тутунопрозводители, потенцира Николовски.

Потсети дека минатогодишната реколта тежела околу 14.763 тони и дека целата количина била навремено откупена.

– Она што посебно значи е што оваа година заедно со земјоделците постигнавме највисока откупна цена досега. Тутунот од реколтата 2023 година има рекордна откупна цена од 365 денари за килограм за целокупната количина предадена тутун, нагласи Николовски.

Додаде дека денес се исплатени и субвенциите коишто од оваа година се зголемени за дополнителни 20 денари за сите три класи. Со тоа зголемување, субвенцијата за тутунот од прва класа за првпат достигнува сума од 100 денари.

– Тоа значи дека ако на откупната цена од 365 денари додадеме и 100 денари по килограм за субвенции се достигнува износ од 465 денари за килограм тутун, рече Николовски, најавувајќи уште посилна поддршка на тутунопроизводителите.

На прес-конференцијата присуствуваше и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот