Никола Калиниќ повторно во дресот на Црвена звезда?!
Како што пишува специјализираниот грчки кошаркарски новинар Кристос Харпидис, Црвена звезда и Никола Калиниќ се многу блиску до постигнување договор.
Препорачано
Како што понатаму се наведува, на ваквата одлука големо влијание има поразот на Барселона во полуфиналето од најелитното натпреварување на Стариот континент против Реал Мадрид.
Да потсетиме, тренерот Шарунас Јасукевичиус не го ни воведе Калиниќ во играта во последниот дел од „Ел Класико“, што изненади многумина, особено доколку се земе предвид дека српскиот кошаркар е еден од најискусните во каталонскиот тим кога е во прашање до настапите на Фајнал-форот.
Калиниќ во редовите на каталонскиот клуб дојде минатата сезона, а како што стојат работите нема уште долго да остане таму.
Тој во два наврати настапуваше за актуелниот шампион на Србија и регионот, Црвена звезда. Првиот мандат му беше во сезоната 2014/15, потоа се врати во српската кошарка во 2021 година и повторно се задржа само една сезона.
???Red Star are very close to sign back Nikola Kalinic. The Serbian forward is set to return in the Reds of Belgrade after his season in Barcelona, according to @TrendBasket. #Barcelona #RedStar #euroleague #eurobasket #abaliga #abaleague @FCBbasket @kkcrvenazvezda… pic.twitter.com/WYPPBih5ro
— Christos Harpidis (@chrisalucard) May 21, 2023


