Недовршените згради во кампусот на УКИМ / фото: Слободен печат / Методи Здравев
Никој во државава не знае како се потрошени 270 милиони евра од УКИМ за три години
Валентина Ангеловска
Пред
Никој во државава нема увид каде и како се потрошени 270 милиони евра за три години од УКИМ. Причината е едноставна, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ нема внатрешен ревизор. Ревизорката од некои причини е отпуштена пред три години, а во меѓувреме местото стои празно и нема нејзина замена.
Слободен печат се обиде да добие одговор од актуелната Ректорска управа на УКИМ уште во четвртокот, но од таму до објава на текстот, одговор не добивме. Исто така не добивме никаков коментар за пропаѓањето на зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура кои се оставени на забот на времето веќе седум години. Пропадна и фискултурната сала која беше предвидена за предметот по физичко за студентите на УКИМ. Изборите за нов ректор се на крајот на месецов, а актуелниот ректорат не ја коментира ситуацијата.
Пропаѓа новата зграда на ФИНКИ/Фото: Слободен печат/ Методи Здравев
Пропаднат кров, украдени лимови, оштетени ѕидови, градежен шут е сликата која не пречека пред зградите во кои требаше да биде сместен најбројниот факултет по студенти ФИНКИ. Се поставува прашањето како се дозволува да се краде градежен материјал иод недовршените објекти ако во кампусот има постојано обезбедување од 24 часа.
Еден од кандидатите за ректор Атанас Кочов во интервју за Слободна ТВ поврди дека за УКИМ секоја година се одвојуваат 90 милиони евра од кои само 10 милиони се за развој.
Пропаѓа новата зграда на ФИНКИ/Фото: Слободен печат/ Методи Здравев
– УКИМ е богат факултет има површини кои се во нивна сопственост, но наместо да се работи на нив од колешка моја дознав дека се дадени под концесија. Нема транспарентност каде се користат тие пари, немаме никаков увид во користење на средствата кои се на сметка- вели Кочов.
Битно е да се каже дека секој факултет добива различна сума од колачот. Се случува некои факултети да добијат само по неколку илјади евра.
Пропаѓа новата зграда на ФИНКИ/Фото: Слободен печат/ Методи Здравев
– За да имаме транспарентност во работењето, мора да имаме увид, а ние немаме внатрешен ревизор. Оваа гарнитура на УКИМ не сака да биде транспарентна, ова мора јавно да го кажам. УКИМ нема канцеларија за меѓународна соработка. Имаше една колешка која замина во пензија и сега нема увид ни на трошењето на европските пари- вели Кочов.
Според него не само што не се знае каде се трошат овие пари, нема податок ни како и за што се исплаќаат.
– Начинот на финансирање на оваа ризница, на УКИМ како национално богатство на наука и култура мора да биде регулирано со посебна сметка, со посебен член во Законот за високо образование и ние како тим мора да се избориме за ова- вели Кочов.
Пропаѓа новата зграда на ФИНКИ/Фото: Слободен печат/ Методи Здравев
Македонија е земја со најмногу студиски програми на еден факултет во Европа. Само на УКИМ во моментиов има 1.500 акредитирани студиски програми. На истите повеќе од неколку години речиси и да нема студенти. Дека имаме многу студиски програми потврди и министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој топката ја префрли на факултетите.
Пропаѓа новата зграда на ФИНКИ/Фото: Слободен печат/ Методи Здравев
-Точно е дека има многу студиски програми. Но тоа зависи од самите факултети. Тие треба да понудат програми и да подготвуваат кандидати за професии кои се бараат. Кај нас се прават акредитации на секои пет години и имаат можност да понудат нешто ново кое се бара на пазарот на трудот вели Шаќири.
Дека УКИМ треба да се врати меѓу првите 1.000 на Шангајската листа зборува и кандидатката за ректор профес. д-р Христина Спасевска во интервју за УМНО. Таа вели дека само со вклучување на целиот научноистражувачки потенцијал и политичка одлука на државата може да го вратиме УКИМ помеѓу првите 1.000
„Инволвираност на целиот научноистражувачки потенцијал на универзитетот, но пред се политичка одлука на државата да го има најдобриот универзитет помеѓу првите 1000 е клучен фактор за враќање на УКИМ помеѓу високо етаблираните универзитети во светот. Ќе се направи фонд за наука, во кој освен постоечкиот буџет ќе се додадат и средствата од намалувањето на додатокот за ректор и проректор кои ќе бидат насочени за финансирање на млади истражувачи и нивните ментори, вели проф. д-р Христина Спасевска, редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), проректор за настава и актуелен кандидат за ректор на УКИМ, во интервју за УМНО.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …