Никој не знае колку ќе трае овој процес – ќе направиме сè да тече непречено, рече судијката Илиевска
„Никој не знае колку ќе трае овој процес – може пет месеци, може пет години, ќе направиме сè судењето да тече непречено, не можеме да ви гарантираме брзина бидејќи секоја брзина може да значи грешка“, рече судијката Диана Груевски Илиевска на денешното прво рочиште за трагедијата во Кочани.
Препорачано
Таа се претстави, иако, како што рече, нејзиното име „се врти во јавноста цело време“.

-Во името на целиот совет, сакам да ви кажам некои правила на игра. Од сите бараме голема дисциплина – ако не се почитува, ќе следи опомена или отстранување или казнување парично. Секое одлагање ќе биде проверувано и доколку е неоправдано, ќе следи санкција.
Знам за болката на блиските, сите ние сме родители. Со секоја почит и за болката и за тагата, ќе имаме респект, но ние сме професионалци кои ќе треба да ги испочитуваат сите права – рече судијката.
Во судницата присутен е и сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко (ФОТО), кон кого родителите се најгневни.

Која е судијката што ќе суди за Кочани – им судела на премиери, а нејзината биографија е „скриена“


