НИКОЈ НЕ И ПОМОГНАЛ! Дијана се породила во затворската ќелија, САМА! (ВИДЕО)

Шокантни сцени доаѓаат од еден затвор во околината на Денвер, затвореничката Дијана Санчез (26) добила породилни контракции во затворската ќелија, а кога почнало породувањето, врескала од болки, но притоа никој од чуварите не сакал да и помогне, пренесуваат американските медиуми.

Снимките објавени на социјалните мрежи ги прикажуваат моментите кога лежела на „студениот и тврд затворенички кревет“ и се обидувала да роди бебе. На чуварите неколку часа претходно осум пати им рекла дека ќе се породи, но и покрај тоа не ја испратиле во болница, се наведува во тужбата.

И покрај тоа што затворските службеници биле свесни дека и се ближи денот на породување, Дијана трпела болки со часови без анестезија.

Кога веќе се породила, на снимките се гледа како еден од затворските лекари приоѓа и го зема нејзиниот новороден син.

Нејзините адвокати поднеле тужба затоа што затворските службеници биле свесни дека девојката ќе се породи, но не направиле ништо заради тоа, туку ја препуштиле на милост и немилост.

Дијана е во затвор од јули минатата година заради обвинение за кражба на идентитет и фалсификување на документи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот