Ниеден смартфон не е безбеден: Секој еден може лесно да се прислушува и шпионира, предупредува технолошка фирма

Мобилни телефони/ Фото: Zerotake / Pixabay

Секој смартфон може да се прислушува и шпионира без да се инсталира специјален софтвер за таа цел, предупреди денеска компанијата „Даст Мобајл“ (Dust Mobile) на Меѓународниот форум за сајбербезбедност во Лил, на северот на Франција.

„За 500 долари месечно на даркнет (дел од интернетот кој не е видлив за обичните пребарувачи), еден хакер може, само знаејќи го телефонскиот број, да го лоцира вашиот телефон од далечина и без ваше знаење, да пресретнува и слуша повици и да има пристап до вашите пораки,“ велат од компанијата.

„Даст Мобајл“ прецизира дека хакерите можат дури и да менуваат некои пораки и да ги испратат некому од вашиот број. Тие можат и да остваруваат телефонски повици од вашиот број.

Компанијата развила систем за заштита од овој малку познат ризик од хакирање, кој може да открие дали хакерите користат некои безбедносни дупки во SIM-картичките или во системите што овозможуваат комуникација помеѓу две лица кои немаат ист оператор.

Се работи за заштитна СИМ-картичка која во случај на хакерски напад активира аларм и веднаш го блокира нападот. Таа е особено наменета за компании и владини институции. Картичката може да детектира и напади од таканаречениот систем IMSI-Catcher, кој го користат разузнавачките служби.

Хакерските напади на мобилните телефони стануваат сè пософистицирани, а тие најчесто се изведуваат преку софтвер дискретно инсталиран на телефонот и шпионирање на неговата содржина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот