Стевчо Јакимовски
Стевчо Јакимовски / Фото: Архива на „Слободен печат“

„Независни за Карпош“: Јакимовски јавно да се извини за недоличната атмосфера и текстот од песната кои ја згрозија јавноста

Независните советници во Општина Карпош од „Независни за Карпош“ побараа од новиот градоначалник Стевчо Јакимовски да ѝ се извини на јавноста и да се огради од недоличната атмосфера и текст од видеото од прославата кое се споделува по социјалните мрежи.

– Во име на нашите поддржувачи и сите жители на општина Карпош кои беа понижени со видеото кое се споделува по социјалните мрежи, бараме јавно извинување од идниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Очекуваме да ѝ се извини на јавноста и да се огради од недоличната атмосфера и текст кои ги згрозија огромен број на карпошани и луѓе во државата.

Како членови на Советот нудиме и очекуваме односот да се базира на конструктивност, пристојност, цивилизираност, како и достоинствена комуникација кон сите чинители. Ова го очекуваме не само од градоначалникот, туку и од другите членови на Советот, стои во нивната објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Фото: Скриншот, Фејсбук

ВИДЕО: Стевчо Јакимовски со екипата славеше со хитот на „Куку леле“ во познат скопски локал

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот