Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНE го осуди објавувањето на снимките, бара истрага од надлежните

Бараат од надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите.

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди снимањето и објавувањето на разговори кои, како што посочуваат, се водени на средба со претседателот на партијата Христијан Мицкоски одржана во канцеларијата на координаторот Никола Мицевски во Собранието. Бараат од надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите.
Во соопштението испратено до јавноста, пратениците истакнуваат дека на Јутуб се објавени само исечоци од по неколку секунди, додека средбата и разговорот со Мицковски траеле подолго.
– Како пратеничка група, се оградуваме од ваквите игри кои очигледно се нова режија на некој кој покрај нас, бил присутен на средбата, со цел наше деградирање. Како и досега, НПГ на ВМРО-ДПМНЕ останува транспарента кон јавноста и чесна во пристапот. Нашите заложби секогаш беа искрени и во интерес на функционални институции, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот