ден на европа EPA-EFE/PAULO NOVAIS

Невработеноста во ЕУ се искачи на 6 проценти во септември

Стапката на невработеност во ЕУ изнесувала 6 проценти во септември 2025 година, што е минимален пораст во однос на 5,9 проценти во септември 2024 година, објави Евростат.

Оваа стапка е стабилна во споредба со август 2025 година. Во септември оваа година, прилагодената стапка на невработеност изнесуваше 6,3 проценти, што е стабилна во споредба со август 2025 година и септември 2024 година.

Евростат проценува дека 13,246 милиони луѓе биле невработени во ЕУ во септември оваа година, од кои 11,003 милиони во еврозоната, пренесува Танјуг.

Во споредба со август 2025 година, невработеноста се зголеми за 63.000 во ЕУ и за 65.000 во еврозоната. Во споредба со септември 2024 година, невработеноста се зголеми за 227.000 во ЕУ и за 187.000 во еврозоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот