Банка / илустрација / Фото: Flickr / Stanislas Fradelizi/World Bank

Невиден случај во Хрватска: Две банкарки 20 години краделе пари од сметките на клиентите, успеале да земат 2,4 милиони евра

Две банкарки од хрватскиот град Осиек, се уапсени под сомнение дека проневериле речиси 2,4 милиони евра од банката во која работеле речиси две децении, објави хрватската полиција.

Според извештаите, полицајци од Службата за економски криминал и корупција на Полициската управа Осиек-Барања спровеле кривична истрага против 58-годишна жена од Осиек и 53-годишна жена од околината. Тие се осомничени за злоупотреба на довербата во деловните трансакции и фалсификување на службени или деловни документи, пренесуваат хрвстаките медиуми.

Според полициските наводи, осомничените дејствувале врз основа на меѓусебен договор од 28 октомври 2005 година до 13 март 2025 година, на своите работни места во банка во Осиек. Спротивно на правилата на работодавачот, тие си исплаќале пари од сметките на клиентите со цел да добијат нелегална имотна корист.

За да прикријат незаконски дејствија, тие создале и потпишале лажни и фалсификувани документи, кои потоа ги претставиле како автентични. На овој начин, постои сомнеж дека ја оштетиле банката за вкупно 2.393.296,50 евра.

Врз основа на судска наредба, вчераа полицијата извршила претрес во становите и другите простории што ги користеле осомничените, при што биле пронајдени и запленети компјутери и мобилни телефони.

По завршувањето на кривичната истрага, двете осомничени синоќа биле предадени на надзорникот за притвор на Полициската управа Осиек-Барања, додека против нив е поднесен посебен извештај до Окружното државно обвинителство во Осиек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот