Неверојатно: Нишките кардиохирурзи работеа 100 дена и 12 викенди по ред, за да ја скратат листата на чекање

Фото: Фејсбук / д-р Драган Милиќ

Кардиохирурзите од Ниш работеа 12 викенди постојано за пациентите да не мора да бидат ставани на листа на чекање. По речиси 100 дена работа и 12 последователни работни викенди, персоналот работел без паричен надоместок. Од Клиниката велат дека ја постигнале целта, пренесуваат медиумите.

„Успеавме да ја елиминираме листата на чекање“, објави директорот на Клиниката за кардиохирургија во Нишкиот клинички центар, д-р Драган Милиќ.

Тој објаснува дека наместо листа за чекање, формирале листи за закажување и пациентите сега не мораат да чекаат за операција од четири до шест месеци, туку најмногу 15 дена.

Вработените на клиниката работеле 12 викенди по ред и за тоа не побарале никаков дополнителен паричен надоместок. Велат дека единствена цел им била да ја намалат листата на чекање.

Д-р Милиќ сподели дека во тие 100 дена биле направени вкупно 248 операции, а лани за истото време само 117 оперативни зафати.

На Клиниката само во март биле извршени 98 операции, што е повеќе од три во еден ден. Бројот на хоспитализирани луѓе во првите три месеци од годината лани бил 145, а оваа дури 353. Бројот на амбулантни прегледи за периодот јануари-март годинава изнесувал 3.014, а минатата година повеќе од двојно помалку – 1.467.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот