НЕВЕРОЈАТНО: Мотивот за пукањето во Ковачевиќ е неговата убава ќерка?

tviter

Грчката полиција интензивно работи на расветлување на пукањето во Дарко Ковачевиќ.

Поранешниот српски репрезентативец синоќа беше застрелан пред неговиот дом во Атина. Тој беше застрелан во ногата, а полицијата неколку часа подоцна пронајде запален автомобил на околу 700 метри од местото на нападот. Полицијата е убедена дека напаѓачот го возел токму тој автомобил бидејќи во него бил пронајден и пиштол.

Дарко Ковачевиќ се наоѓа нов животна опасност, а денеска веќе почнаа да се шират гласините и да се бараат мотивите нападот врз него. Последната вест која грчките медиуми ја лансираа е дека мотивот е ќерката на поранешниот фудбалер.

фејсбук

Иако нема никакви докази за ова тврдење, тие шекулираа дека убавата 22-годишна Стела и во минатото имала проблеми и поради тоа не е исклучено сега во нејзините „сомнителни“ дејствија несвесно да го вклучила и својот татко.

Таа во 2017 година беше учесник во тешка сообраќајна несреќа и тоа како совозач. Во несреќата беа повредени тројца нејзини пријатели, а најтешки повреди имал возачот на вториот автомобил на кого Дарко Ковачевиќ му го платил лечењето.

Минатата година, Стела била уапсена поради поседување на хашиш, а полицијата ја уапсила додека била во автомобил со уште една девојка и со две момчиња.

Полицијата во Атина засега не се огласи со никакво соопштение, освен со изјава на портпаролот дека работи на случајот и ќе се огласи кога ќе имаат конкретни докази за нападот врз поранешниот српски репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот