Федерика Брињоне/ EPA/ANDREA SOLERO

Неверојатна Супер-Џи трка во Кортина: Брињоне победи, 17 скијачки излетаа од патеката

Федерика Брињоне испиша нова страница во италијанската скијачка историја, освојувајќи златен медал во супервелеслалом на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано. Трката ја одбележаа бројни излетувања од патеката бидејќи од вкупно 43 натпреварувачки, дури 17 не успеаја да стигнат до целта.

Најпроблематичен беше средишниот дел од патеката, каде што пад доживеа и 30-годишната Американка Бризи Џонсон. Актуелната олимписка шампионка во спуст закачи врата, се заврте и со голема брзина удри во заштитната ограда. Иако падот изгледаше драматично, Џонсон веднаш стана и сама ја напушти патеката.

Покрај нејзиното излетување, изненадување беше и настапот на Софија Гоџа, водечка во оваа дисциплина во Светскиот куп, која исто така не ја заврши трката.

Инаку, Џонсон само неколку дена претходно се закити со злато во спустот, трка во која нејзината сонародничка Линдзи Вон доживеа тешка повреда.

Брињоне, која има 35 години, патеката „Олимпија деле Тофане“, долга 2.105 метри, ја мина со време од 1:23.41 минута и заслужено се искачи на највисокото место на подиумот. Среброто ѝ припадна на Французинката Роман Мирандоли со заостанување од 0,41 секунда, додека бронзата ја освои Австријката Корнелија Хитер, која задоцни 0,52 секунди зад победничката.

За Брињоне ова е прво олимписко злато во кариерата. На Игрите во Пекинг 2022 таа освои сребро во велеслалом и бронза во комбинација, а бронзен медал има и од Пјонгчанг 2018 во велеслалом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот