Нестор блескаше, беше еден од најдобрите во триумфот на Славен Белупо
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски имаше клучна улога во убедливата победа на Славен Белупо од 3-1 над Вараждин во 11. коло на хрватската лига.
Препорачано
Несторовски беше асистент во 24. минута, кога Шуто постигна гол за 1-0, а подоцна учествуваше и во зголемувањето на предноста на 2-0. Во 35. минута Мамиќ намали на 2-1 и ја врати надежта кај Вараждин, но македонскиот репрезентативец повторно се истакна во 58. минута со асистенција до Јагушиќ за конечни 3-1.
Покрај Несторовски, на теренот се најдоа уште двајца македонски интернационалци, Леонард Жута кај Славен Белупо и Ване Јованов кај Вараждин.
Со овој триумф, Славен Белупо се искачи на четвртото место со 16 бодови, еден повеќе од Вараждин, а Несторовски во досегашниот дел од шампионатот има еден погодок и три асистенции.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
40мин
-
52мин
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


