НЕСЕКОЈДНЕВНА ГЛЕТКА: Кози се шетале, па завршиле на кров од ресторан (ФОТО)

Фото: Читател на 24сата.хр

Поминував покрај улица и одеднаш подзастанав. Козите во тоа место не се ништо чудно. Но, кози на кров? Е тоа го немав видено, изјавил минувач, кој во Истра, Хрватска здогледал една многу интересна сцена, јавува 24 сата.хр.

Станува збор за населба во која се наоѓаат голем број на апартмани, а козите се наоѓале на кров кој се наоѓал во близина на апартман и ресторан.

– На кровот можеа да се забележат неколку кози – додал минувачот, пренесуваат хрватските медиуми.

Тие се искачиле така што едниот дел од кровот бил поставен доста ниско.

Полицијата во Истра, соопштила дека примиле дојава за кози и овци на кров, а нивниот сопственик моментално бил недостапен, па 26-годишно момче ја преземало грижата за животните.

Фото: Читател на 24сата.хр

Како што неофицијално пренесуваат локалните меидуми, сопствнеикот на ресторанот врз чиј кров се наоѓале козите бил во затвор, па не бил во состојба да се грижи за животните, а полицијата кога пристигнала затекнала осум кози и три овци на кровот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот