НЕПРОЦЕНЛИВО: Надал и Федерер во улога на тренери (ВИДЕО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

НЕПРОЦЕНЛИВО: Надал и Федерер во улога на тренери (ВИДЕО)

Двајцата тенисери се најдоа во улога на тренери на Фабио Фоњини на Лејвер купот.

Егзибицискиот турнир Лејвер куп и оваа година е полн со тениски ѕвезди, кои играат за тимот на Европа и тимот на остатокот од светот. Во првиот натпревар, Доминик Тим и донесе бод на Европа со победата над Денис Шаповалов, но најинтересниот момент се случи на вториот натпревар во кој меѓу себе играат Фабио Фоњини и Џек Сок.

Сок го доби првиот сет со убедливи 6:1, додека во вториот сет при 5:4 за Фоњини, на одморот помеѓу гемовите, во улога на тренери на Италијанецот се најдоа Рожер Федерер и Рафаел Надал.


– Сега доаѓаат нови топки и ќе биде тешко, тоа е прва работа. Втората работа е дека не сакам повеќе негативности. Само позитива на терен, доколку погоди добар форхенд тоа е ОК, го почитуваме тоа. Верувај во добри работи. Не смееш да бидеш фрустриран и не смееш да мислиш дека нешто лошо ќе се случи – му зборуваше Федерер на Италијанецот, додека Надал стоеше од страна и постојано го охрабруваше тенисерот.

Советите на Федерер и зборовите со поддршка од Надал, вродија со плод, Фоњини во тај брејкот успеа да го добие сетот и да израмни на 1:1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close