илустрација / Фото: МВР

Непендек тетовец сакал да ја тепа сопствената сестра, потоа нападнал и полицајци

27-годишен жител на Тетово ќе одговара за две кривични дела откако во јануари на јавно место бил агресивен кон неговата сестра, а потоа во угостителски објект нападнал полицајци, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија“, се вели во полициското соопштение.

Жена од Челопек сведочи за напад во домот: „Ми фрли ќебе преку глава и ме фати за гуша“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот