Неочекувано, но во нејзин стил: ВИКТОРИЈА БЕКАМ во цветно издание ја „донесе“ пролетта во Њујорк (ФОТО)

profimedia

Да, чуда се случуваат, и Вики го сака цветниот принт.

Викторија во последните две години успеа прилично да не изненади.

Имено, британскта дизајнерка позната по верноста на темната палета, одамна во своите двени и вечерни изданија ги вметна и повеселите нијанси на црвената, сината, розевата, како и дезенот покажувајќи дека нејзиниот минимализам еволуирал и станал далеку поотворен кон една ефектна промена.

Меѓутоа, еден принт никако не беше избор на поранешната Спајсица.
Но, не не чуди бидејќи и стои феноменално.

Во стилот на најдобрата амбасадорка на сопствениот бренд, Викторија на улиците на Њујорк зачекори во комбинација која се базираше на парчиња облека од нејзината SS19 колекција. Станува збор за тренд модел и креп пантолони кои ги краси, ситен, но ефектен цветен принт во нијанси на сина, бордо-виолетова и жолта боја.

За комплетниот „wow“ впечаток секако придонесе и сјајниот крој на пантолоните со шлиц при дното и линија на средината, како и полусобраниот ¾ ракав.

profimedia

БОНУС ВИДЕО:

Видео хороскоп за 13 мај 2019, понеделник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот